На претстојното ЕП ќе биде претставен новитет поврзан со ВАР системот. Имено, откако ќе донесат одлуки со помош на ВАР, на гледачите на телевизија, но и на стадионот ќе им се прикажува објаснување за секоја одлука.
„Ова е нешто ново и мислам дека е многу, многу интересно. По одлуката на ВАР, сакаме да и понудиме на јавноста техничко објаснување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Експертот на УЕФА ќе подготви објаснувања за тоа што се случило во спорните ситуации истовремено со прегледот на ВАР“, рече тој.
Целта на УЕФА е да ја зголеми транспарентноста во одлучувањето и да ги отстрани сите нејаснотии по нивното донесување.
Судиите исто така ќе бидат обврзани да ги објаснат своите одлуки на капитените на тимовите, додека сите останати играчи ќе бидат казнети со жолт картон за каква било форма на приговор кон судијата.