Дома Фудбал Репрезентации УЕФА на Европското првенство го враќа старото правило

УЕФА на Европското првенство го враќа старото правило

Наредната година се игра Европското првенство во Германија, а како што стојат работите некои од правилата кои важеа минатиот турнир сега нема да бидат на сила.

Помеѓу тие правила ќе биде и она за регистрација на фудбалери. На првенството пред две години репрезентациите имаа можност да пријават 26 фудбалери. Причина за таквата бројка беше ковид пандемијата и поголемата можност некој од играчите да се разболи па да треба да отсуствува.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега кога пандемијата е минато УЕФА ќе го врати старото правила со регистрација на 23 фудбалери.

Од друга страна најверојатно ќе останат на сила петте замени кои исто така беа донесени поради корона пандемијата, тоа правила остана да се користи во светскиот фудбал и понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…