УЕФА му зададе голем удар на Интер…
Италијанскиот гигант Интер сепак нема да може да купува во јануарскиот преоден рок. Иако во последните денови во италијанските медиуми се пишуваше дека неговиот градски ривал Милан може да добие казна од УЕФА, казнети беа „нероаѕурите“ и покрај тоа што „Санинг“ се претставуваше како многу повеќе моќен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА им забрани трансфери на „нероаѕурите“ во јануари, па клубот од „Џузепе Меаца“ ќе може да доведува фудбалери дури на лето.
Според правилата на ФФП платите на фудбалерите можат да изнесуваат 60% од годишниот приход, а Интер со доаѓањето на нови играчи го прекрши ова правило. Брозовиќ, Жоа Марио и уште некои фудбалери се кандидати за заминување, доколку Интер сака да доведува некој од нив ќе мора да биде продаден.
Хавиер Пасторе и Хенрик Микхтаријан во последно време се поврзуваа со Интер, но нивните примања се преголеми. За да биде доведен некој од нив ќе мора да биде продаден некој како Брозовиќ и Жоа Марио.
Исто така ни позајмици не доаѓаат во предвид никој не сака да го плаќа преголемиот износ.