Дома Фудбал Останато УЕФА му додели службена победа на Рен и го исфрли Тотенхем од Конференциската лига

УЕФА му додели службена победа на Рен и го исфрли Тотенхем од Конференциската лига

Денес УЕФА натпреварот помеѓу Тотенхем и Рен го регистрираше со службени 0:3 за францускиот тим, тој натпревар требаше да се одигра во последното коло од групната фаза во конференциската лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тотехем на тој натпревар на 9. декември не можеше да настапи поради големиот број позитивни случаи со ковид-19. Немаше простор истиот да се одигра, па УЕФА победата на „зелена маса“ ја додели на францускиот состав.

Рен пласманот во нокаут фазата го имаше обезбедено претходно. Ваквиот исход најмногу му одговара на Витесе кој доби прилика како второпласиран да оди во елиминациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…