Дома Трансфер зона УЕФА и Јувентус се договорија, „старата дама“ исфрлена од Конференциската лига

УЕФА и Јувентус се договорија, „старата дама“ исфрлена од Конференциската лига

Јувентус оваа сезона беше казнет со 10 бода во Серија А поради финансиски малверзации и заврши на седмото место на табелата.

Со тоа Јувентус избори пласман во Конферециската лига, но УЕФА отвори истрага за целиот случај и на „бјанконерите“ му се закануваше суспензија од европските натпреварувања.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Од Торино побараа сега да бидат казнети за да ја одработат казната следната сезона и да не играат во Конференциската лига.

УЕФА се согласи на таква казна, па следната сезона во Конференциската лига ќе игра Фиорентина на местото на Јувентус. Тоа значи дека „старата дама“ ќе може да игра во Европа во сезоната 2024/25 доколку избори пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …