Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА донесе конечна одлука: Откажана младинската Лига на шампиони

УЕФА денес објави дека јуниорската Лига на шампиони за сезоната 2020/2021 е откажана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европската фудбалска федерација прво го одложи почетокот на натпреварувањето поради пандемијата со коронавирусот, потоа беше променет форматот. Поради краткото време се донесе одлука веднаш да се игра нокаут фаза без групната фаза.

Меѓутоа бидејќи ситуацијата со коронавирусот во бројни земји се уште не се смирила и постои опасност од зараза, УЕФА одлучи оваа сезона тоа натпреварување да не се игра.

Младинскиот тим на Шкендија ова натпреварување требаше да го започна на 2 или 3 март против тимот на Габала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тухел одржал говор на полувремето: Откри што има кажал фудбалерите и како ја променил играта (Видео)

Фудбалерите на Англија со извонредна игра во второто полувреме ја совладаа Хрватска со рез…