Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО УЕФА добива тужба: ВАР за офсајди нема да смее да се користи на ЕП?!

УЕФА добива тужба: ВАР за офсајди нема да смее да се користи на ЕП?!

Холандската компанија „Балино“ ja тужи УЕФА и технолошкиот производител Кинесон поради неовластена употреба на офсајд технологијата што ја користи ВАР, а судот за единствен патенти ќе го разгледа случајот во понеделник.

„Балино“ се обиде и да ја оспори употребата на офсајд технологија за Светското првенство во Катар 2022 година, но не успеа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Двете страни не успеаја да најдат договор за претстојното евро во Германија, па споменатата компанија се одлучи да ја тужи европска фудбалска федерација.

Доколку „Балино“ ја добие тужбата, полуавтоматската офсајд технологија нема да може да се користи на Европското првенство во Германија.

Инаку, споменатиот систем со сензор во фудбалската топка е измислен во 2007 година од сопственикот на „Балино“, Питер Борст и поради тоа на фудбалските здруженија им е потребна негова дозвола за користење на системот.

„Веднаш стапивме во контакт со „Кинесон“, технолошкиот производител кој работи со УЕФА, и во неколку наврати се обидовме да го решиме проблемот на пријателски начин, но тие не сакаа да соработуваат“, изјави Борст за холандските медиуми, додавајќи:

„Можеби мислеа дека сме премногу мали за да се осмелиме да ја тужиме УЕФА, но ние сме горди на нашиот изум и нема да стоиме со скрстени раце додека другите го користат без наша дозвола“, порача Борст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…