Дома Македонски спорт Мак фудбал УЕФА ги пуштила во продажба билетите за македонските фанови во ЕП

УЕФА ги пуштила во продажба билетите за македонските фанови во ЕП

УЕФА објави дека билетите за македонските навивачи се пуштени во продажба, меѓутоа од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека немаат многу детали.

Се уште не се знае колку билети ќе има обезбедено, а според она што го објави УЕФА билетите ќе се продаваат по принципот – прв дојден, прв услужен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе обезбеди код за порталот за купување влезници за сите навивачи кои претходно ја исконтактирале федерацијата. За повеќе детали контактирајте и испратете мејл на Билјана Велковска. Кодот е валиден само за едно купување“, објави УЕФА.

Билтетите се продаваат од денес до 26. мај, но засега како што споменавме нема никаква бројка од ФФМ затоа колку карти се добиени за македонските фанови.

Прес-службата на ФФМ само кратко информираше за ситуацијата со ПЦР тестовите за влез во Романија.

„Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт. Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три /3/ дена, согласно кое при престој во Романија, Македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…