Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес ја казни репрезентацијата на Србија со играње на еден натпревар без публика поради скандирањето на навивачите во натпреварот против Црна Гора во Подгорица, таква казна добија и Црногорците.
Навивачите на двете репрезентации разменуваа навреди на национална основа во натпреварот одигран на 28-ми март, а покрај суспензијата Фудбалскиот сојуз на Србија ќе мора да плати и казна од 50.000 евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Србија казната ќе ја одработи на 7-ми септември кога во рамките од Групата Г на Европското првенство ја дочекува Унгарија.
Во соопштението се наведува дека Србија е казнета затоа што се активирала условната казна поради расистичко навредување на натпревар од Лигата на Нации минатата година.
Казна од 20.000 евра доби и Фудбалскиот сојуз на Црна Гора кој ќе мора да го затвори својот стадион во натпреварот во Подгорица против Бугарија на 10-ти септември.