Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп и тоа пред натпреварот против Манчестер Сити.
Како што е потврдено денес од клубот од „Енфилд“ за дефанзивецот Жоел Матип оваа сезона е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дефанзивецот се повреди во натпреварот против Кристал Палас во кој „црвените“ стигнаа до победа од 2:1.
Ова би можело да претставува проблем за Германецот со оглед на тоа што Матип е важен фудбалер во ротацијата на англискиот гигант, а пред да пристигне Ван Дијк од Саутемптон беше и стандарден првотимец.
Статусот на Матип во тимот до крајот на сезоната сега најверојатно ќе го замени Рагнар Калаван.
Ливерпул и Манчестер Сити својот натпревар од Лигата на шампионите го играат утре со почеток во 20:45 часот.