Дома Фудбал Уапсен селекторот на Северна Ирска!

Уапсен селекторот на Северна Ирска!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Северна Ирска, Мајкл О’Нил е уапсен во Единбург поради возење во алкохолизирана состојба.

Шкотската полиција го приведе О’Нил во неделата, два дена после натпреварот на Северна Ирска против Норвешка во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Фудбалскиот сојуз на Северна Ирска соопшти дека се свесни каков инцидент направил 48 годишниот стручњак, но не сакаа ништо да коментираат и се оставија во рацете на полицијата.

О’Нил кој ја води селекцијата на Северна Ирска повеќе од пет години ќе мора да се појави пред судот во Единбург на 10 октомври.

Да потсетиме, токму тој ја предводеше оваа репрезентација историскиот успех и минатогодишниот пласман на Европското првенство во Франција, каде што стигнаа до осмина финалето, а местото на Мундијалот во Русија ќе го бараат преку баражот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите не му веруваат на Дортмунд: Ковач пред речиси невозможна мисија во Минхен

Баерн и Борусија го чекаат дербито израмнети на врвот, но Матеус и Самер гледаат огромна р…