Дома Трансфер зона Тухел пристигна и веќе отпиша четворица, помеѓу нив и сонародникот на Нејмар

Тухел пристигна и веќе отпиша четворица, помеѓу нив и сонародникот на Нејмар

Томас Тухел неодамна беше претставен за нов тренер на Пари Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот стручњак е избран од раководството на тимот со цел во Париз да го донесе трофејот од Лигата на шампионите, а наводно веднаш по пристигнувањето ги соопштил имињата на играчите на кои нема да смета.

Како што наведува „Ле Парисиен“ Тухел отпишал четворица дефанзивци за кои смета дека немаат доволно квалитет да ги бранат боите на ПСЖ.

Според информациите отпишани се: Томас Муниер, Дани Алвеш, Јури Берчиче и Лајвин Курзава. На овие четворица клубот нема да им прави проблем доколку сакаат да го напуштат Париз ова лето.

Ќе биде сакако интересно да се види како Германецот ќе се снајде во ПСЖ. Очигледно дека пристигна со план и сопствениците имаат намера да го следат со надеж дека ќе ги одведе до толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите. Титутлата шампион на Франција во ПСЖ веќе никого не задоволува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…