Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.
Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека стигнала понуда од Пари Сент Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи не е задоволен од работата на Томас Тухел.
После синоќешниот пораз од Манчестер Јунајтед раководството на „светците“ решило да ги забрза контактите со Макс Алегри.
? #PSG, la sconfitta interna con il #ManchesterUnited complica la situazione di #Tuchel: sul tecnico tedesco c'è l'ombra di #Allegri
— calciomercato.it (@calciomercatoit) October 21, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/ugTPOoth5j