Дома Фудбал Тухел: Не е потребен Роналдо за да победуваш

Тухел: Не е потребен Роналдо за да победуваш

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел го коментираше утрешниот дуел со Јувентус во Лигата на шампиони.

Тухел потврди дека неговиот тим е меѓу претендентите за титулата, но не се гледа меѓу фаворитите.

„Јувентус загуби голем шампион, но може да победуваш натпревари и без Кристиано Роналдо. Тој е еден од најдобрите во историјата, но Јувентус има широк состав и искусен тренер. Имаат победнички менталитет и јас прв пат ќе се соочам со нив“, изјави Тухел.

„Веројатно има големи очекувања за нас откако го освоивме трофејот минатата сезона. Ние сме претенденти за трофејот, но не сме меѓу фаворитите“, додаде Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…