Дома Фудбал Лига на шампиони Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тухел: Наполи доби пенал после офсајд

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел не беше задоволен од ремито со Наполи (1:1) на Сан Паоло.

ПСЖ после првото полувреме водеше со 1:0,  а потоа во другиот дел ја препушти иницијативата на Наполи кој до бод стигна со голот на Инсиње од пенал во 63. минута.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На најстрогата казна за Наполи и претходеше голема грешка на Тиаго Силва, а според Тухел имало и офсајд позиција.

„Наполи доби пенал после чиста офсајд позиција, но што да правиме. Мора да го прифатиме резултатот и да продолжиме да се бориме за пласман понатаму. Овој натпревар можеше да заврши и различно. Нашата група е тешка и изедначена, но и натаму ја држиме ситуацијата во свои раце.“ – изјави Тухел.

ПСЖ до крајот на групната фаза ќе гостува кај Црвена Звезда и ќе го пречека Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…