Дома Фудбал Останато Тухел заминува, ПСЖ веќе најде замена

Тухел заминува, ПСЖ веќе најде замена

Според најавите на француските медиуми Томас Тухел ќе добие отказ од ПСЖ на крајот на сезоната.

Германецот е на клупата на ПСЖ од 2018 година, освои многу трофеи во Франција, но не успева да дојде до трофејот во Лигата на шампиони.

Челниците на ПСЖ веќе го забија трпението со Тухел и донеле одлука да го сменат на крајот на сезоната, а веќе нашле и негова замена.

Наводно, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо веќе го контактирал Масимилијано Алегри кој би требало да го замени Германецот.

Алегри е слободен од минатото лето кога го напушти Јувентус и е спремен да ја прифати понудата на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Напаѓач на Монако даде гол, па гестикулираше „сечење глава“, сега му се заканува суспензија (Видео)

Напаѓачот на Монако, Парис Брунер (20), ќе може да учествува во натпреварот против Ленс, и…