Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е сериозно загрижен поради неизвесноста околу продажбата на клубот.
Сопственикот Роман Абрамович практично беше принуден да ги пушти своите акции на пазарот поради строгите санкции што му ги воведоа британските власти по почетокот на војната во Украина. Сепак, зделката е одложена и тоа не му се допаѓа на германскиот стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тухел е свесен дека на тимот му треба сериозно освежување во текот на летото. Сепак, тој е во многу комплицирана ситуација, во која не знае со каков трансфер буџет ќе располага и не може да прави никакви планови за селекција.
Сериозен проблем за тренерот е тоа што во сегашната ситуација не може да задржи дел од своите играчи на кои им истекува договорот како Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, кои сигурно заминуваат на лето.