Eрлинг Халанд се договорил со Јувентус, така тврди италијански „Тутоспорт“.
Голгетерското чудо од дете ги одбил понудите од Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Лајпциг и ја прифатил онаа од „старата дама“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тутоспорт“ пишува дека Раиола постигнал усмен договор со Јувентус кој ќе ја плати клазулата од 30 милиони евра на Салзбург.
Според информациите, Халанд во Јувентус ќе заработува 7.5 милиони евра по сезона. За ваков договор Халанд се избори со одлучната полусезона во Салзбург. Од летото постигна 22 гола, од кои осум беа во Лигата на шампионите.
Најдобриот италијански клуб го доведува за да го освежи нападот со оглед на тоа дека Кристиано Роналдо наскоро ќе го прослави 35. роденден, додека Игуаин има 32.