Дома Македонски спорт Турците се „фалат“ со мајсторијата на Елмас, а ниту реномираниот „Скај Спорт“ не остана рамнодушен (ВИДЕО)

Турците се „фалат“ со мајсторијата на Елмас, а ниту реномираниот „Скај Спорт“ не остана рамнодушен (ВИДЕО)

Eлиф Елмас во вчерашниот настап во кој јубилеј славеше капитенот Горан Пандев одигра навистина маестрално.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Македонскиот фудбалски бисер кој го носи дресот на Фенербахче каде што игра „топло-ладно“ влезе од клупата за резерви на местото на повредениот Ферхан Хасани. Само шест минути по влегувањето во игра Елмас погоди и зголеми на 2:0.

Меѓутоа она со што посебно воодушеви Елмас беше неговиот втор гол кој го постигна во финишот од натпреварот.

Ремек-делото на Елмас се најде во најпознатите турски медиуми кои имаа само пофални зборови. Супер коментар Елмас доби и од реномираниот „Скај Спорт“ од Англија.
Од Фенербахче не заброавија да се пофалат дека Елмас е нивни играч па голот го проследија со следниов коментар:

„Тинејџерската сензација од Македонија и Фенербахче, Елиф Елмас постигна два гола за сениорската репрезентација, посебно убав беше вториот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…