Од кога дојде Џенаро Гатузо на клупата на Наполи турските медиуми започнаа да пишуваат дека за Македонецот ќе нема место во Наполи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елмас во Наполи дојде на барање на Карло Анчелоти, меѓутоа на италијанскиот стратег не му одеше под Везув па беше отпуштен.
Турските медиуми сега објавија дека Елмас би можел да се врати во Инстанбул како позајмен фудбалер, меѓутоа не во редовите на Фенербахче од каде што дојде во Наполи, туку во големиот ривал на овој клуб Бешикташ.

Се тврди дека таткото на Елмас веќе имал состанок со луѓето од Бешикташ. Сепак, овој трансфер е тешко остварлив најмногу поради врската на Елмас и Фенер.
Елмас е навивач на Фенербахче, па од оваа преспектива изгледа тешко дека ќе прифати да игра за големиот ривал на клубот од неговото детство.