Дома Фудбал Турски клуб има три исчезнати фудбалери во земјотресот, еден од нив играше за Челзи

Турски клуб има три исчезнати фудбалери во земјотресот, еден од нив играше за Челзи

Cтраотни вести пристигнуваат од Турција каде што досега животот го загубија над 1.000 луѓе во силните земјотреси. Има и многу ичезнати, а помеѓу нив е и поранешниот фудбалер на Челзи Кристијан Атсу.

Само неколку часа пред земјотресот фудбалерот постигнал гол во 97-та минута за победа на Хатајспор против Каимпаша и заминал дома. По земјотресот тој не се јавувал на повиците од клубот. Наводно уште двајца фудбалери на овој клуб се водат за исчезнати.

По него и по сите ичезнати потрага е во тек, од клубот најавија дека ќе ја известат јавноста кога ќе имаат повеќе информации.

Инаку, тренерот на Хатајспор легендарниот Волкан Демирел имаше емотивно обраќање преку социјалните мрежи барајќи помош за наcтраданите. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…