Српскиот фудбалскиот клуб Динамо Врање, денес ги именуваше популарниот пејач Аца Лукас за нов потпрецедател на клубот, пренесуваат српските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Турбофолк ѕвездата ќе се обиде да му помогне на тимот од Врање да избори опстанок во српската елита, а моментално се наоѓа на последното место на табелата.
„Точно, се договоривме да бидам потпретседател на клубот. Главната цел е да избориме опстанок во првата лига“, изјави Аца Лукас.
Динамо Врање е убедливо на последното место на табелата со само 10 бодови. Меѓутоа, новиот потпретседател најави дека ќе бидат донесени засилувања во зимскиот преоден рок.