Дома Останати Кошарка НБА Тројката на Лилард од „паркинг“ за победа на Портланд засени се друго во НБА (ВИДЕО)

Тројката на Лилард од „паркинг“ за победа на Портланд засени се друго во НБА (ВИДЕО)

Тимот на Портланд изминатата ноќ на свој паркет ја победи Оклахома со 118:115 и на тој начин се пласираа во полуфиналето од Западната конференција со 4:1 во серијата.

Во петтиот натпревар Портланд влезе со шанса полесно од очекуваното да дојде до пласман во наредниот круг од плејофот. Таа шанса ја искористија и тоа на каков начин.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оклахома ја имаше победата во раце. На осум минути пред крајот гостите водеа со 15 поени предност (90:105), но потоа на сцена стапија, Харлес, Лилард и Мекколкум.

Погодија домаќините скоро се до крајот, а херој беше Демиан Лилард. Првата ѕвезда на Портланд прво на 33 секунди до крајот изедначи на 115:115 за потоа да следи вистинско шоу. Расел Вестбрук промаши за Оклахома, останаа 17 секунди за напад на Портланд, а Лилард ја чекаше последната секунда. Шутираше тројка од 10 метри и погоди за голема победа на Портланд од 118:115 и пласман во полуфиналето на Западната конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=kLQXPV12IfI

Таму ги чека победникот од натпреварот помеѓу Денвер и Сан Антонио, а со вчерашната победа од 108:90 водство во серијата имаат Наџентси пред шестиот натпревар.

Без поголеми проблеми пласман остварија Торонто и Филаделфија во источната конференција.

Рапторси вчера го добија Орландо со 115:96 и славеа со 4:1 во серијата. Каваи Леонард со 27 поени ги предводеше до победата, Сиакам додаде 24, а Рапторси во полуфиналето ги чека Филадлфија.

https://www.youtube.com/watch?v=MsP05B3MS0g

Овој тим беше подобар од Бруклин со 122:100 и исто така помина понатаму со вкупни 4:1, одличен настап запиша Џоел Ембид, постигна 23 поени и 13 скокови.

https://www.youtube.com/watch?v=vZLn5Rp9N4U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…