Дома Топ вести ТРНАСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар крева прашина со „лајковите“, Ванда ја реши ситуацијата со Икарди, Савиќ потпишува

ТРНАСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар крева прашина со „лајковите“, Ванда ја реши ситуацијата со Икарди, Савиќ потпишува

Влегуваме во завршницата од преодниот рок – следете се што се случува на трансфер пазарот!

Нејмар не мирува на социјалните мрежи!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Торес станува тренер!

Ванда изгледа ги реши сите дилеми за иднината на Икарди: И да добие 1000 понуди тој ќе остане во Интер.

Реал Мадрид нудел подобри услови за фудбалерот кој вчера стана втор најмлад дебитант во историјата на Барселона, но еден момент бил пресуден тој да ја избере Барселона.

Фернандо Љоренте е се поблиску до Наполи, трансферот би требало да биде завршен во следните три-четири дена, пренесува „Скај“.

Интер и Монако преговараат за зделка во која Жоао Марио би завршил во Монако, а Пјетро Пелегри би се упатил кон Милано.

Во Италија скоро сите поголеми медиуми тврдат едно исто: Сергеј Милинковиќ Савиќ не оди никаде и потпишува нов договор со Лацио. Ќе потсетиме Савиќ минатата година потпиша нов договор со важност до 2023 година и плата од три милиони евра по сезона.

Трансферот на Гари Медел е договорен. Фудбалерот утре ќе пристигне во Болоња, а Бешикташ ќе добие 2.5 милиони евра. Чилеанецот ќе потпише договор на три години.

Родриго Де Паул е пред трансфер во Фиорентина. Де Паул беше мета на повеќе италијански клубови, но Фиорентина успеала да биде најбрза и ќе го добие со понуда од 30 милиони евра (25+5 преку бонуси) плус Џовани Симеоне или Марко Бенаси.

Атлетико наводно одново го обновил обидот да го доведе Родриго од Валенсија. Претседателот на Валенсија Питер Лим дал рок од 48 часа трансферот да се реализира. Меѓутоа прво мора од Мадрид да си замине Анхел Кореа.

Со Реал и Ериксен ќе има неизвесност до финишот од преодниот рок. „Дејли Стар“ пишува дека Тотенхем може да го пушти Данецот за 30 милиони евра затоа што наредното лето му истекува договорот. На прашањето дали Ериксен може да го напушти клубот Покетино одговори: „Не знам, се е можно. Некои ситуации не можат да се решат. Тешко е да се предвидуваат вакви ситуации“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…