Дома Фудбал Останато Ванда: Икарди одби понуди какви што никој друг не би одбил

Ванда: Икарди одби понуди какви што никој друг не би одбил

Aргентинскиот фудбалер, Мауро Икарди е одлучен во намерата кариерата да ја продолжи во Интер, откри неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

На Икарди му беше кажано дека новиот тренер Антонио Конте не смета на него, додека оваа сезона деветката место Икарди ќе ја носи засилувањето на „нероаѕурите“ Ромелу Лукаку.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако имаше понуди од Италија и други земји, Икарди сепак не сака да ја промени средината.

„Вистина е дека Мауро одби неколку понуди. Сите се од почетокот на преодниот рок знаеа каква е неговата одлука. На крајот мислам дека ќе остане во Интер. Тоа е негова одлуак и да добие уште 1000 понуди тоа нема да се промени. Тој не заврши со Интер. Имаше понуди какви што никој друг не би одбил“, изјави Ванда.

Икарди во Интер пристигна во 2013 година од Сампдорија и во неговата втора сезона во дресот на „нероаѕурите“ (2014/2015) беше најдобар стрелец во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…