Дома Топ вести Три неочекувани трансфери во Премиер лигата!

Три неочекувани трансфери во Премиер лигата!

Останаа уште седум дена до крајот на јануарскиот преоден рок, а ако им се верува на англиските медиуми вистинската „драма“ допрва следи.

По се изгледа прв во шопинг ќе тргне Ливерпул и тоа во потрага по засилување на средината на теренот. Клоп смета дека му е потебен еден дефанзивец играч за врска кој ќе и помага на одбраната, а прва желба е Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Црвените“ се спремни да платат 30 милиони евра за португалскиот репрезентативец кој има договор со Спортинг до 2020 година.

Покрај Ливерпул се чини дека во јануарски шопинг би можел да тргне и Антонио Конте. Како што пренесува „Екип“, лондонскиот клуб е спремен да плати 24 милиони фунти за услугите на Рикардо Родригез од Волфсбург.

Арсенал исто така сака да пазарува во Португалија. Летното засилување Гранит Џака не ги оправда очекувањата, па Венгер е спремен во своите редови да го донесе Данило, играчот за врска на Порто.

Останаа уште седум дена до затварање на преодниот рок, па ќе видиме дали клубовите ќе успеат да го комплетираат споменатите трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…