Македонскиот напаѓач Илија Несторовски не игра многу во Удинезе, а еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио најавува негово заминување.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Несторовски истекува на крајот од сезоната, меѓутоа според Ди Марцио Нестор може да замине и порано. Наводно, во својата екипа Несторовски сака да го види Пипo Инзаги кој ја води Реџина.




Реџина била најсериозна, но интерес покажале уште Модена и Венеција.




Тимот на Реџина можеби би била и најпримамливата опција за прилепчанецот затоа што станува збор за тим кој е второпласиран и се бори за промоција во Серија А.




Од друга страна Модена е десетта и еден бод заостанува зад плеј-оф позициите. Венеција е во долниот дел од второлигашката табела и ја чека борба за опстанок.



