Дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец, Никола Миленковиќ игра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за Србинот од поодамна покажуваат Милан и Манчестер Јунајтед, но сега „сините“ сериозно се вклучиле во трката за неговиот потпис.
Миленковиќ на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.
Приоритет на Томас Тухел во летниот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а Миленковиќ е на врвот на листата желби.
Милан и Манчестер Јунајтед исто така се во контакт со неговиот агент, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.
📰 From England: #ACMilan, #MUFC and Chelsea all interested in Fiorentina defenderhttps://t.co/tVbnw9mhRl #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) April 16, 2021