Три европски гиганти се силно заинтересирани за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат медиумите на Островот.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па го привлече вниманието на многу клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тео има договор со „росонерите“ до 2026 годин, а Милан веќе му понуди нов договор, но преговорите не одат глатко.
Ситуацијата будно ја следат ПСЖ, Челзи и Јувентус и ако Французинот не го продолжи договорот на лето ќе се борат за неговиот потпис.