Грчки Панатинаикос би можел како засилување во нападот да го ангажира Иван Тричковски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите од Грција тренерот Иван Јованиќ со кого Тричковски соработуваше во АПОЕЛ покажал желба да го доведе во Панатинаикос. Во тој период АПОЛ успеа да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Панатинаикос важи за еден од најголемите клубови во Грција, па секако дека ова би било голем трансфер за Тричковски.
Тричковски е поранешен играч на Вардар и Работнички, а настапуваше уште за Црвена Звезда, Легија Варшава, а најдобар дел од кариерата помина во Кипар, прво во АПОЕЛ, а сега во АЕК Ларнака.