Дома Фудбал Останато Триото на ПСЖ не е најдобро ниту во Франција: Еве кое трио е најефикасно во Европа!

Триото на ПСЖ не е најдобро ниту во Франција: Еве кое трио е најефикасно во Европа!

Најефикасно напаѓачко трио во Европа од почетокот на сезоната е тоа на Лион, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Набил Фекир (11), Мариано Диаз (9) и Мемфис Депај (6) имаат постигнато вкупно 26 од сите 32 гола кои Лион ги постигна од почетокот на сезоната во Лига 1.

Тројцата напаѓачи на Лион се поефикасни и од ѕвезденото трио на ПСЖ. Едисон Кавани (13), Нејмар (7) и Килијан Мбапе (4) имаат реализирано вкупно 24 гола.

Фекир, Мариано и Депај имаат повеќе погодоци и од тројцата најефикасни стрелци на Манчестер Сити – Серхио Агуеро (8), Габриел Жесус (7) и Рахим Стерлинг (7), кои играат во, според многумина, тимот кој е во најдобра форма во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо тргна соиграч од живиот ѕид, па неговиот тим прими гол поради тоа (Видео)

И покрај тоа што Ал-Наср се соочи со Абха во првенството на Саудиска Арабија и победи со 2…