Дома Топ вести Третиот најбогат човек има луд план со Милан

Третиот најбогат човек има луд план со Милан

Италијанските медиуми не престануваат да пишуваат можноста третиот најбогат човек во светот, Бернар Арно да го купи Милан.

Во Италија се тврди дека детали го делат Арно од купување на клубот кој неколку години наназад се обидува да се врати на славните патеки.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арно е „тежок“ 106 милијарди евра, а се проценува дека за Милан ќе издвои нешто помалку од милијарда евра. Веќе медиумите започнаа и да најавуваат како би изгледал Милан на чело со него.

Звучи лудо и не реално, но медиумите тврдат дека Французинот ни помалку, ни повеќе сака да ги спои Мбапе и Гвардиола во Милано!? 

Арно е подготвен да плати 220 милиони евра за ѕвездата на ПСЖ за да го донесе во Милан. Притоа ќе го направи заштитно лице на неговата компанија со спонзорски договор од 50 милиони евра годишно.

Арно смета дека Гвардиола лесно би се согласил да се пресели во Милан наредното лето доколку претходно пристигне и Мбапе, протоа ќе добие и огромен буџет за други трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…