Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје Аеродром запиша очекувана победа на гостувањето кај Кожув во последниот дуел од 9.коло во Првата македонска лига.
На средбата одиграна попладнево во Гевгелија, МЗТ Скопја убедливо го совлада Кожув со 80:52.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новиот предводник на „Штрковите“, Лукајиќ им даде шанса на сите кошаркари, а тие до последен, се запишаа во листата на стрелци. Најефикасен во нивниот табор беше Јуре Лалиќ со 14 поени.
За аеродромци ова е шеста победа во деветиот меч во домашното првенство, по која шампионот се врати на третото место на табелата со 15 бодови, зад непоразениот Работнички кој има максимални 18 и екипата на Блокотехна која досега собра 17 бодови.