Дома Фудбал Тренерот на ПСЖ: Нема конфликт помеѓу Меси и Мбапе

Тренерот на ПСЖ: Нема конфликт помеѓу Меси и Мбапе

Тренерот на Пари Сент Жермен, Кристоф Галтие не верува дека постои конфликт меѓу Лионел Меси и Килијан Мбапе откако имаа дуел во финалето на Светското првенство.

Аргентинските фудбалери, особено голманот Мартинез се потсмеваа со Мбапе и недолично се однесуваа на прославата, па медиумите тврдат дека тоа може да влијае на односите меѓу двете ѕвезди.

„Јас би се фокусирал на односите меѓу нив двајца. Не беше Лео Меси тој кој се потсмеваше со другите фудбалери. Тоа што го видов по финалето ме уверува дека нема потреба да се мешаат тие работи само бидејќи однесувањето на голманот беше такво. За мене е најважно како се сложуваат моите фудбалери. Килијан е во одлично располжение и покрај поразот. Секако, беше разочаран, но тоа го направи со класа. Му честиташе на Меси и тоа е добро за клубот и за нив двајца“, изјави Галтие и потврди дека Меси ќе се врати во Париз на 2 јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…