Најинтересен двомеч во осминафиналето од Лигата на шампионите секако ќе биде оној помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.
Ова се два тима кои сигурно сакаа да одат до самиот крај, но топчињата сакаа еден од нив натпреварувањето да го заврши на самиот старт во нокаут фазата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играчкиот кадар на „кралевите“ според „Трансфермаркт“ денес вреди 743.80 милиони евра, додека оној на ПСЖ вреди 648.80 милиони евра. Но, сето тоа се нереални бројки ако се знае дека само еден Нејмар вреди 222 милиони евра.
Сепак тренерот на ПСЖ, Унаи Емери смета дека ова не е најтешкиот ждреб.
„Мислам дека ова за нас не е најтешкиот ждреб, сигурно имаме квалитети и можеме да се носиме со Реал Мадрид. Во Лигата на шампионите морате да играте со најдобрите, а ние се радуваме на предизивците. Да, Реал е моќен тим, но и ние сме. Спремни сме да ги пречекаме“, порача тренерот на „светците“