Хрватските медиуми, предводени од „Спортске Новости“ и понатаму се упорни дека Дани Олмо ќе потпише за Милан.
После веста која се појави во средата навечер дека Олмо е пред потпис со Милан, вчера следуваше демант од луѓето во Милан, но веќе денес Хрватите одново тврдат дека трансферот е пред реализација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Олмо не беше во составот за денешниот пријателски меч на Динамо Загреб, а тренерот Бјелица потврди дека Шпанецот не игра поради преговорите за негово заминување.
„Дани не играше денес, а нема да игра ниту утре. Не сакаме да ризикуваме, во моментов се во тек преговори за негов трансфер“, потврди Бјелица.
Хрватските медиуми пренесуваат дека и Челзи се вклуил во трката за неговиот потпис, но Милан е во пол-позиција.