После трите победи над Монпеље, Порто и Мотор Запорожје на стартот од сезоната бранителот на титулата во Лигата на Шампоините, Вардар претрпе два убедливи порази од Кил во Скопје и од Веспрем во Унгарија.
Спортскиот директор и нов тренер на Вардар, Едуард Кокшаров изјави дека е во шок од моменталната ситуација, но ја посочи најслабата точка на „црвено-црните“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Вистината е дека бев во шок, дури и сега не можам да дадам објаснување за натпреварот во Веспрем. Немав време за анализа, веднаш по крајот на мечот, тргнав за Москва. Јасно е дека немавме никаква помош од голманите, имавме постојани проблеми и недоразбирања во одбраната и му подарувавме лесни топки на противникот. По враќањето во Скопје, ќе гледам видео од мечот и детално ќе анализирам. Дури тогаш ќе донесам заклучок“, изјави Кокшаров за руските медиуми.