Минхенски Баерн наскоро ќе добие нов тренер. Оваа вест вчера ја потврди извршниот директор на тимот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге.
За Баерн секако прва опција беше останување на Јуп Хенјкес, меѓутоа искусниот стратег нема намера да стави потпис на нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Хејнкес донесе одлука да се повлече и ние тоа го почитуваме. Спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ разговараше со неколку тренери и одлуката најверојатно ќе ја донесеме на крајот на април и тогаш ќе го претставиме новиот тренер“, изјави Румениге.
Румениге истакна и дека новиот тренер на Баерн ќе мора да зборува германски.
„Важен дел за секој тренер е комуникацијата и нашиот нов тренер ќе мора да зборува германски јазик“, истакна извршниот директор на Баерн.
Со ваквата изјава на Румениге се исклучува Маурисио Покетино, а листата се сведе на само три имиња: Нико Ковач (Ајнтрахт), Ралг Хасенхут (Лајпциг) и Лусјан Фавр (Ница).
Според медиумите во Германија во овој момент за главен фаворит важи Нико Ковач.