Дома Фудбал Останато Тренерот на Алиоски е голем човек – донираше 2.5 милиони евра!

Тренерот на Алиоски е голем човек – донираше 2.5 милиони евра!

Би било навистина убаво доколку во светот има повеќе луѓе каков што е Марсело Биелса.

Го нарекуваат „лудак“, но она што тој го направи не е лудо, туку е еден преубав гест.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е колку во фудбалот посветува внимание на секој детал, како неговите тимови играат атрактивно и на посебен начин. Тоа уште еднаш го покажа во тимот за кој настапува макеоднскиот репрезентативец Езџан Алисоки со кој се бори за влез во Премиер лигата.

Еден клуб засекогаш ќе остане во срцето на Биелса, а тоа го докажа со неговиот последен потег.

Биелса детството го помина во Њуелс Олд Бојс, таму ја започна својата професионална кариера, тоа беше и неговиот прв клуб кој го водеше во тренерската кариера.

Нивниот стадион го носи неговото име, а тој уште еднаш покажа каков човек е и донираше сума од 2.5 милиони евра со цел во близина на стадионот да се изгради хотел за фудбалерите.

Хотелот нема да го носи неговото име бидејќи стадионот веќе се вика така, но дефинитивно ќе остане запаметен по овој голем човек. Хотелот ќе биде завршен и отворен на 3-ти ноември кога Њуелс Олд Бојс ќе прослави 115 години постоење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …