Дома Фудбал Останато По отказот во Лидс Биелса е пред нов ангажман – станува селектор

По отказот во Лидс Биелса е пред нов ангажман – станува селектор

Кон крајот на февруари оваа година Марсело Биелса доби отказ во Лидс, а сега е пред нов ангажман.

Изгледаше како Аргентинецот да ги испушти конците во Лидс, следуваше серија лоши резултати кои резултираа со негов отказ, но само еден месец подоцна Биелса е блиску до нова работа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претседателот на боливискиот фудбалски сојуз Фернандо Коста потврди дека сакаат да го доведат Биелса за селектор. Боливијците останаа без шанси да се пласираат на Светското првенство, но оваа јужноамериканска селекција веќе размислува за следниот циклус и затоа дојде до идеја да се преговара со контроверзниот Аргентинец.

„Во контакт сме, нема да одрекувам. Се уште не сме разговарале директно со него, но блиску сме. Сакам да му ја дадам целата поддршка. Знаеме дека Боливија има многу талент и дека не е далеку од учество на Светско првенство“, им изјави Коста на новинарите.

Биелса сигурно дека добро го познава јужноамериканскиот фудбал затоа што пред Лидс ги водеше Аргентина и Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…