Пред два дена македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски заработи повреда во натпреварот за Абердин и како што стојат работите тешко дека ќе може да и помогне на Македонија во натпреварите со Украина и Англија.
Менаџерот на Абердин Боби Робсон за шкотските медиуми најави дека Миовски веројатно ќе биде спремен за предсезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Првиот скрининг покажа дека има многу помали проблеми од претходно. Се надеваме дека не е лошо како што се стравуваше. Повеќе ќе знаеме по специјалистичките прегледи кои се закажани за понеделеник, веруваме дека ќе го имаме Миовски порано од она што во прв момент мислевме“, изјави Робсон.
Во понеделник ќе се знае дали Миовски ќе биде спремен за двата важни квалификациски натпревари на Македонија, Украина во Скопје ни гостува на 16-ти јуни, а три дена подоцна ние гостуваме во Манчестер на „Олд Трафорд“.