Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски најверојатно ова лето ќе се врати во Италија и ќе го облече дресот на Џенова.
Италијанските медиуми пишуваат дека Џенова е сериозно заинтересирана за Трајковски, кој не добива многу шанса во тимот на Мајорка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трајковски има искуство во Италија, па лесно ќе се прилагоди на Серија А, а Горан Пандев сигурно ќе придонесе брзо да се вклопи во тимот на Џенова.
Мајорка се обиде да го продаде Трајковски и минатата година, но не успеа во намерата, па сега би можела слободно да го пушти да се пресели во Џенова.