Репрезентацијата на Македонија денес доби тежок ждреб во баражот за Мундијалот во Катар.
Во полуфиналето ќе се сретнеме со Италија, додека со евентуален пласман во финалето ќе гостуваме на Италија или Турција. Коментар и свое мислење за ждребот за нашиот сајт даде напаѓачот Александар Трајковски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мое мислење за овој ждреб беше со која и репрезентација да се падневме, вербата во репрезентацијата и во нашите квалитети се неминовни, не смееме да дозволивме да бидеме лесен противник. Ќе се надигруваме со секоја репрезентација. Секако дека мотивацијата да се игра толку голем и важен натпревар со една Италија е уште погоелм предизвик да се докажеме колку вредиме“, ни изјави Трајковски.
Александар Трајковски беше стрелец во натпревароит кој го игравме во Торино со Италија, тогаш дуелот зааврши без победник (1:1).
Фото: ФФМ