Дома Топ вести ТРАСНФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди му се закани на Интер, Нејмар „плаче“ за враќање, Торино го чека Де Лихт

ТРАСНФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди му се закани на Интер, Нејмар „плаче“ за враќање, Торино го чека Де Лихт

И денес сме тука да следиме се што се случува на трансфер пазарот. Според она што се случува во последно време денес не е исклучена можноста да добиеме и потврда за трансферот на Де Лихт во Јувентус. Останува да видиме дали овие прогнози ќе се остварат…

– Икарди повлече потег кој веројатно никој не го очекуваше: Аргентинецот се закани дека ќе остане во Интер до крајот на договорот (уште две години) и ќе добива плата без да игра. (ОВДЕ).

– Азар го избрал својот број во Реал. „Марка“ и „АС“ објавија дека Белгиецот се одлучил за дресот со број 23.

– Од Островот пристигнуваат информации дека Арсенал е спремен да го сруши клупскиот рекорд и за 80 милиони евра да го доведе Николас Пепе од Лил. (ОВДЕ).

– Нејмар со видеото објавено на Инстаграм уште еднаш најави дека има желба да се врати во Барселона. (ВИДЕО)

– „Газета дело Спорт“ пишува за една неверојатна можност. Наводно Џеко се уште не е играч на Интер затоа што Интер се плаши дека со нивните пари (20 милиони евра) кои ќе добие Рома ќе го доведе Игуаин, а така во Торино би се ослободило место за Икарди (ОВДЕ).

– Хари Мегваер побарал трансфер во Манчестер Јунајтед! (ОВДЕ)

– Атлетико Мадрид би можел да тргне по потписот на Хамес Родригез, најавуваат дел од шпанските медиуми.

– Набил Фекир денес би можел да го комплетира изненадувачкиот трансфер во Бетис за 30 милиони евра.

– Третиот голман на Јувентус после доаѓањето на Буфон, Матија Перин е многу блиску до преминување во Бенфика.

– Манчестер Сити објави дека Фабијан Делф нема да патува на припремите. Фудбалерот нема повреда и ова значи дека е пред трансфер во Евертон.

– Вчера се појави изјава во која агентот на Кутињо тврдеше дека Барселона им соопштила дека не сака да го продаде Кутињо, но денес тој бара од клубот јавно да каже – останува или заминува!

– ДЕ ЛИХТ! Преговорите се завршени! Сите медиуми во Италија објавуваат дека Де Лихт вечерва или утре пристигнува во Торино! (OВДЕ)

– Oфицијално: Санти Мина е нов фудбалер на Селта. Мина би требало да биде дел од договорот според кој наскоро Макси Гомез би требало да тргне во спротивен правец.

– Еве ја и потврдата за Макси Гомез! Гомез е нов фудбалер на Валенсија!

– Со Родригез и Атлетико се се случува многу брзо! Страниците „Есо Ес Атлети“ која се занимава само со вести за Атлетико Мадрид објави дека е постигнат договор за Хамес Родригез – 50 милиони евра плус бонуси! (ОВДЕ)

– Холандските медиуми: Хаким Зијеш наскоро станува играч на Баерн Минхен! (ОВДЕ)

– Интересна вест пристигнува од Остроцот, Даниел Стариџ добил понуда кариерата да ја продолжи во Серија А во редовите на Болоња. (ОВДЕ)

– АНГЛСИКИТЕ МЕДИУМИ ЛАНСИРАА БОМБА! Манчестер Јунајтед и Лестер се договориле за Мегваер кој станува најскап дефанзивец во историјата! (ОВДЕ)

– Диего Коста добил понуда од бразилскиот гигант, Фламенго меѓутоа јавноста не очекува Коста да се пресели во Бразил.

– Maтија Настасиќ би можел да се врати во Серија А интерес за него покажал Милан.

– После Икарди кој вчера го напушти тренинг кампот денес тоа го направи и Раџа Наинголан. Антонио Конте не смета на овие двајца.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…