Дома Топ вести Пукна „бомба“ на Пиринеите: Хамес станува најплатен играч на Атлетико!

Пукна „бомба“ на Пиринеите: Хамес станува најплатен играч на Атлетико!

Насловната на мадритска „Марка“ најави „бомба“, а сега од Пиринејскиот полуостров тврдат: Се е завршено!

Сајтот „Есто Ес Атлети“ кој се занимава исклучив со случувања во Атлетико пренесува дека Реал Мадрид и Атлетико се договориле за трансфер на Хамес Родригез на следниов начин:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оштета од 50 милиони евра, плус бонуси! Наводно трансферот треба да биде официјализиран вечерва или во текот на утрешниот ден. Во меѓувреме и повеќе познатиот медиум, радио станицата „Кадена Сер“ потврди дека договор има.

Преговорите наводно биле завршени уште вчера. Португалскиот супер агент Жорж Мендеш сакал да ја исполни желбата на клиент и успеа, договорот е склопен така што сите три страни ќе бидат задоволни.

Хамес ќе стане најплатен фудбалер во Атлетико со годишна плата од 7.5 милони евра и договор на четири години, можеби и на пет. Тоа значи дека Колумбиецот ќе заработува скоро исто како и во Реал каде што добиваше 7.7 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …