Дома Фудбал Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (30) потпиша двегодишен договор со Коринтијанс, соопшти бразилскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Депај го напушти Атлетико Мадрид во јули, а во клубот од Сао Паоло доаѓа како слободен играч.

Клубот не ги соопшти деталите од договорот, но бразилските медиуми пренесуваат дека договорот е вреден 12,5 милиони долари.

Депај ја започна својата кариера во ПСВ Ајндховен, а играше за Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона играше за Атлетико Мадрид, каде забележа 31 настап во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Клубовите не се сакаат само кога освојуваат титули“: Ристовски со критики за навивачите на Вардар (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Стефан Ристовски испрати жестоки критики кон навивачите на…