Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.
Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Грузиецот има ефект од 13 гола и 16 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања, а ПСЖ покажува сериозен интерес за неговиот потпис.
„Кориере дело Спорт“ наведува дека парижаните се подготвени да платат дури 180 милиони евра за Кварацкелија, со што би се израмнил со трансферот на Килијан Мбапе.
ПСЖ на лето сака да се ослободи од Нејмар, неизвесна е иднината на Меси, па Кварацхелија ќе биде примарна цел на „светците“.