Дома Трансфер зона Трансферот договорен: Англискиот репрезентативец го напушта Ливерпул

Трансферот договорен: Англискиот репрезентативец го напушта Ливерпул

Натаниел Клајн по доаѓањето во Ливерпул од Саутемптон во 2015 година требаше да биде решение за десната бековска позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првите две сезони играше редовно во првиот тим, но оваа сезона го загуби местото поради одличниот Алексадер Арнолд.

Клајн имаше и една тешка повреда која на подолг период го оддалечи од терените, па има потреба од поголема минутажа за да влезе во форма.

Поради тоа Ливерпул одлучи да го пушти на позајмица до крајот на сезоната во Борнмут.

„Скај Спорт“ пренесува дека двата клуба ги договориле сите детали и трансферот треба да биде официјализиран наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…