Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јаховиќ крена прашина, Пјонтек пред заминување, Дибала добива „награда“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Јаховиќ крена прашина, Пјонтек пред заминување, Дибала добива „награда“

Како и секој ден до крајот на преодниот рок и денес сме тука да следиме се што се случува на трансфер пазарот – бидете во тек!

Патрик Кутроне го напушти Вулверхемптон и после шест месеци се врати во Италија. Кутроне ќе потпише договор за позајмица до крајот на сезоната со Фиорентина. Клубот од Фиренца ќе има можност да го откупи неговиот договор. (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жиру може во овој преоден рок да заврши во Интер. Челзи и Интер преговараат за сума од околу осум милиони евра. (тука)

Милан го продал Пјонтек – трансферот се реализира во следните 48 часа! (тука)

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ предизвика бура од реакции откако на Инстаграм го заследи Бешикташ!

Играчот на Селтик, Луис Морган е пред трансфер во тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

Милан се согласи да го испрати младиот стопер Матија Калдара на бесплатна позајмица во Аталанта на 18 месеци. На малерозниот стопер му се предвидуваше голема кариера меѓутоа проблемите со повредите го спречија неговиот развој. Аталанта ќе има можност да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра, Калдара се согласи на намалување на платата од три на два милиони евра годишно.

Изненадување од Германија! Келн го сака Марио Геце. На Геце договорот му истекува на крајот од сезоната и изгледа нема да му биде понуде нов. Претходно интерс за него покажуваше Херта, а сега во трката се вклучи и Келн.

Гранит Џака и дефинитивно останува во Арсенал. Џака разговарал со Артета и одлучил да ја одбие Херта.

Милан се интересира за Политано. Интер сега наводно им понудил размена на „росонерите“ за Франк Кеси. За Кеси се интересираше и Фиорентина.

Добро известениот „Телеграф“ кој не спаѓа во редот на таболиди потврдува дека Челзи го сака Тома Лемар. Покрај Челзи тука е и Тотенхем. Претходно се пишуваше дека Челзи за него нуди шест милиони за позајмица и 60 за откуп идното лето.

Новинарот кој важи за добро известен кога во прашање е Јувентус тврди дека Паоло Дибала многу брзо ќе добие нов договор со покачување.

Свонси ја комплетираше позајмицата на дефанзивецот на Челзи Марк Гуехи до крајот на сезоната.

Карлос Алења кој вчера изјави дека (тука) иако е навивач на Барса и ги помина сите категории на Каталонците не би имал ништо против да се пресели во Реал го избриша својот Твитер. Алења со таа изјава предизвика бура од реакции и очигледно не можеше да го издржи притисокот.

Хусем Оуар од Лион се најде на мета на Јувентус. Италијанскиот гигант подолго време го следи фубдалерот од средниот ред, кој игра и како лево крило. Францускиот тим минатото лето одби неколку понуди од европските гиганти . Манчестер Сити за него нудеше 45 милиони евра.

Фабио Борини успешно ги помина лекарските прегледи во Верона и сега се чека само официјална потврда за трансферот.

Контроверзниот Хатем Бен Арфа кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Шпанија. Откако претходно за него се интересираше Алмерија, нов клуб е Ваљадолид. Бен Арфа од летото е слободен играч.

Турскиот напаѓач на Евертон Ценк Тосун во овие моменти минува лекарските прегледи со Кристал Палас.

Денес лекарски прегледи на сите страни. И Матија Калдара ги поминува таквите тестови во Аталанта. Како што споменавме тој се враќа во Аталанта на позајмица од 18 месеци.

Наполи работи со полна парае – обезбеден потписот и на Лоботка! (тука)

Официјално: Тосун е нов играч на Кристал Палас.

Oд Островот не пристигнува ништо ново кога во прашање е Играчот им соопштил на сите во клубот дека негова желба е трансфер во Интер во овој преоден рок.

Првиот човек на Фиорентина: Ако Киеза сака – нека си замине! Ќе потсетиме Киеза во последниот период најмногу се поврзуваше со Јувентус.

Се спрема голема реконструкција во Милан – ќе се менува скоро цел тим! (тука)

Бетис ќе се обиде да дојде до потписот на Јаник Караско од Далијан во Кина. Караско во шпанскиот клуб би пристигнал како замена за Кристијан Тељо.

Eриксен се поблиску до трансфер во Интер, неговиот агент пристигна во Милано. (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…