Во тимот на Милан се спрема голема „чистка“, пренесува „Кориере дела Сера“. Раководството на „росонерите“ го загуби трпението и го стави скоро целиот тим на продажба.
Единствени играчи кои се „недопирливи“ се Донарума, Ромањоли, Рафаел Леао, Златан Ибрахимовиќ и Исмаил Бенасер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За сите останати Милан е спремен да ги слушне понудите и да бидат продадени уште во зимскиот преоден рок. Криштоф Пјонтек е на чекор од трансфер во Тотенхем, а на излезна врата се и Франк Кеси, Пакета и Сусо.
Борини веќе се пресели во Верона, Матија Калдара во Аталанта, а голманот Пепе Реина е на чекор од трансфер во Астон Вила.
Италијанските медиуми тврдат дека Милан сака да донесе големо тренерско име и веќе преговара со Макс Алегри, кој ќе добие менаџерска функција како Алекс Фергусон, и долгорочен договор да изгради силен тим.
Сопствениците се спремни да ја наполнат касата од продажба на споменатите играчи и да обезбедат огромен буџет за големо засилувања на лето.
Boban is ready to implement a revolution in act at Milan. The club is ready to let go of all the players that are not up to standards. Apart from Ibrahimovic, Donnarumma, Leao, Theo, Bennacer and Romagnoli all the players are sellable [Corriere della Sera] pic.twitter.com/IUuyHjS1Mz
— Milan Eye (@MilanEye) January 10, 2020